
Експертите, професорите, јавноста во земјава ќе ја увидат потребата од постоењето на СЈО, на кое се надева дека во наредниот период ќе му биде дадена задачата за откривање висока корупција сторена во земјава, изјави во четвртокот на пре-сонференциајта Катица Јанева, челничката на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите одговарајќи на новинарски прашања.
„Ние уште три години ќе работиме на отворање нови предистражни истражни предмети, што понатаму по нив, ќе се договараме со институциите, доколку нашиот мандат не биде продолжен“, изјави обвинителката Катица Јанева на новинарско прашање по завршување на денешната прес-конференција. Јанева потенцираше дека 45 отсто од прислушуваните материјали не се сите анализирани.
„Покрај 45 отсто, и за другите 55 отсто се предмет на обработка на ова јавно обвинителство“, рече Јанева.
Специјалното јавно обвинителство информираше дека е побарана мерка притвор за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како обвинет за случајот „Титаник“, којшто го отвори ова обвинителство. Специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека на истекот на законскиот рок, во петокот, се поднесени 17 обвиненија за 18 предмети, кои деенска и утре ќе бидат доставени до судот.
„Со оглед на тоа дека во предметите има повеќе барања за притвор, меѓу кои и за лидер на политичка партија, судот мора да ги процесуира во итна постапка, односно во рок од 24 часа“, вели Јанева
Инфромираше исто така, дека одлучила да не отвора предмет за проектот „Скопје 2014“
„Има многу предмети кои можеби требало да бидат отворени, но не се отворени. Не одлучив да го отворам Скопје 2014 кој е многу голем предмет“ , рече Јанева.