
Шеснаесетгодишно момче било полово нападнато зад основното училиште „Круме Кепески“ во скопски Припор.
Според информациите во полицискиот билтен вчера утрината Љ.К. пријавила дека три дена претходно (на 25-ти месецов) во вечерните часови врз нејзиниот 16-годишен син бил извршен полов напад од непознато машко лице. Непознатото лице го фатило детето и го однело позади основното училиште „Круме Кепески“, каде го извршил делото.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.