
Неколку стотици граѓани се собраа, а масата се зголемува, во четвртокот вечерта пред скопскиот Кривичен суд по денешната одлука на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да покрене обвиненија против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и да бара притвор за раководството на партијата.
Поголем број граѓани се собираат вечерва спонтано пред Основниот суд Скопје 1 Скопје во знак на поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, револтирани од селективниот и непрофесионален пристап на СЈО кое ја продолжи политичката хајка против партијата.
По 21 часот е блокиран сообраќајот од крстосницата кај булеварот„Крсте Мисирков“ и булеварот „Гоце Делчев“.