Додека земјоделците очајуваат, „нивниот“ министер се гоштева со музика „на увце“

Министерот за земјоделство на СДСМ, Љупчо Николовски минатата вечер ја минал на гозба во ексклузивниот ресторан „Попова Кула“, пишува порталот Курир.мк

Николовски на својот фејсбук профил објави фотографија од гозбата, додека нему и на неговото друштво им свири виолина и музика „на увце“.

 

nikolovski640

Проблемот е што гоштевањето министерот Николовски ја организира која земјоделците се соочуваат со огромни проблеми со праските, бостанот, краставиците и повеќе други култури.

praski-2

Иронијата да биде поголема, пишува Курир.мк, забавата на министерот Николовски се одвивала во ресторанот „Попова Кула“ во близина на Демир Капија, само на половина час возење од Росоман или струмичко, како епицентри на актуелната земјоделска криза.