
На патниот правец Маврово – Дебар, на делот од село Рајчица до Мелнички мост, утре во период од 13:00 до 17:00 часот сообраќајот ќе биде во целосен прекин во двата правца.
Како што информираат од ЈП Македонија пат, прекинот на сообраќајот е поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање).