
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна во вторникот со претствниците на Националниот младински совет на Македонија, со дел од младинските организации членки на НМС при што дал ветување дека Агенцијата трајно ќе соработува со младинските организации.
На средбата, како што информираат од АМС, било разговарано за Регионалната младинска канцеларија за соработка (RYCO), која има за цел да овозможи мобилност, размена и помирување меѓу младите од Западен Балкан.
Каевски ја акцентирал потребата за зголемена транспарентност и отвореност на Агенцијата за млади и спорт.
„Договорена е редовна соработка со младинските организации, заедно ќе ги креираме политиките за млади и значаен акцент се става на намалување на младинската невработеност и иселувањето на млади. Трајниот механизам за соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и 00НМСМ е дел и од препораките на Европскиот парламент“, рекол Каевски
Претставниците на младинските организации ги образложило барањата на НМСМ до Владата на Агенцијата за млади и спорт, како и 00приоритетните прашања кои ќе се разгледуваат во претстојниот период.