Утрово повторно земјотрес почувствуван во Охрид, над илјада потреси за две седмци

Уште еден во серијата земјотреси е почувтвуван во вторникот утрото во 8,36 часот со Рихтерова локална магнитуда 3,5 и според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
Според истиот извор, охридското епицентрално подрачје изминатата ноќ и изутринава регистрирани се десетина послани земјотреси од кои најсилниот со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала. Така, од 18 јуни досега
во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси.

Најсилниот беше регистриран во понеделникот во 13,18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.