
Сакам да се обратам односно да упатам апел во име на сите пратеници посебно од пратениците од Петтата изборна единица, од Охридско-струшкиот регион, од Ресен, од Битола, е апел до институциите на Република Македонија, и ова го зборувам многу човечки без разлика кој е на власт кој е на опозиција, треба да се дистанцираме за оваа тема апсолутно, да бидат поприсутни на терен во овие региони заради тоа што само ноќеста имаше 5 крупни земјотреси, а во последните 68 часови, 42 крупни земјотреси, изјави во средата пред новинарите пратеникот од ВМРО0-ДПМНЕ, Илија Димовски.
„Знам дека никоја институција не може да се справи за да нема земјотреси, ниту е паметно тоа да го бараме, но мислиме дека државните институцииод различен карактер и аспект, дали тоа ќе биде Владата или некои од министерствата, дали ќе бидат и други институции вклучени, треба да бидат поприсутни на терен заради тоа што според информациите коишто ги имаме владее сериозна психоза кај граѓаните на овие неколку градови. Ќе повторам само во последните 68 часови има 42 земјотреси“, рече Димовски
Според него, се добива впечатокот дека државата некако неадекватно се однесува кон овој проблем споредено со проблемите коишто минатата година летото се појави во Скопје, исто така, по долготрајната серија потреси.
„Тука би рекол дека можеби и ние како Собрание и медиумите и сите треба да обрнеме поголемо внимание за да во најмала рака им се укаже на граѓаните на Охрид и на Ресен, во прв ред, како треба да постапуваат, како да се заштитат, како да изреагираат во ситуација и затоа упатувам апел до сите државни институции дистанцирајќи се од сите политички или партиски на оваа тема да реагираат што е можно побрзо“, додаде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.