Охриѓани утрово повторно вознемирени од земјотрес

Земјотрес со магнитуда од 2,5 по Рихтер во 8,30 часот е регистриран со епицентар осум километри од Охрид и на длабочина од два километра.

Во текот на изминатата ноќ, за разлика од претходните речиси три седмици, регистриран е само еден послаб потрес од 2,6 степени по Рихтер, во 4,20 часот утрото во четвртокот.

Во последниве дваесетина дена повеќе од илјада потреси беа регистрирани во охридското епицентрално подрчје. Најсилниот беше во понеделникот во 13,18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.