
Францускиот фудбалски напаѓач Александр Лаказет потпиша петгодишен договор со англискиот премиерлигаш Арсенал во кој пристигна од Олимпик Лион, објави лондонскиот клуб во средата, а британските и француските медиуми пренесуваат дека трансферот е во вкупен износ од 80 милиони евра.
Станува збор за рекордна сума што Арсенал досега ја платил за доведување некој фудбалер во своите редови, а исто така станува збор и за најголемиот износ кој клубот од Лион го прокнижил од еден трансфер.
Лаказет минатата сезона одигра 45 натпревари за Олипик и постигна 37 голови, што на клубот му помогна да се пласира на четвртата позиција во францускиот шампионат и да мине до полуфиналето во Лига Европа. Францускиот репрезентативец последните три сезона постигнуваше по најмалку 20 погодоци.