
Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на фјучрсот во францускиот град Денен, откако во саботата во полуфиналето ја совлада Менон Арканжоли со 2-0.
Македонската тенисерка го доби првиот сет со 6:3, а во вториот беше поуспешна со 6:4.
Ѓорческа која е прва носителка на турнирот полуфиналниот меч го реши во своја полза за еден час и 16 минути игра.
Противничка на Ѓорческа во финалето закажано в недела во 15 часот ќе биде Мари Осака од Јапонија.
Турнирот во Денен е со награден фон од 25.000 американски долари.