Охриѓанец со нож и секира ја нападнал мајка си

Четириесет и тригодишен охриѓанец претходно седмицава физичји ја паднал својата мајка со закана со студено оружје при што ѝ нанел телесни повреди, поради што против него е поднесена кривична пријава, информирше во саботата СВР Охрид.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда”, СВР Охрид поднеч кривична пријава против 43-годишниот Т.С. од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил во четвртокот околу 21,00 часот во семејната куќа на улицата „Даме Груев” во Охрид каде што во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со неговата мајка барајќи ѝ пари.

Откако нападнатата му одговорила дека нема пари, пријавениот земал нож во рацете и крајно агресивен ѝ упатил сериозни закани по нејзиниот живот. Потоа го отфрлил ножот и земал секира по што физички ја нападнал ударајќи ја со раце и нозе. По извршен медицински преглед, кај оштетената биле забележани повреди во пределот на главата, левата потколеница и градниот кош, како и отекотини по целото тело.