Билетите за мечот Работнички – Динамо Минск по 200 денари

Екипата на Работнички во четврток ќе го игра првиот мач против белорускиот тим Динамо Минск во рамките од второто квалификациско коло за Лига Европа.

Раководството на клубот реши да ја зголеми цената на билетите за овој меч, па сега ќе се продаваат по 200 денари, за разлика од првото коло кога за дуелот против Тре Пене од Сан Марино влезницата чинеше 150 денари.

Билети ќе можат да се набават онлајн преку МК Тикетс се до денот на натпреварот, кога ќе ги има во продажба и пред самиот стадион.

Натпреварот ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај комплексот на ФФМ, во четврток од 18 часот, а од Работнички потенцира дека поради малиот капацитет на единствената трибината бројот на влезници е ограничен.