
СЈО година ипол објавува дека ќе добиеме обвиненија, за Титаник го зборуваат обвинението година ипол, во меѓувеме кој знае колку патувања имав и се вратив од патувањата. Само во јуни имав кратки патувања во 4- до 5 држави од кои се вратив. Ако сакав да избегам, можев да избегам, знаев дека или на 28 или на 29 или на 30 јуни СЈО ќе одржи прес и ќе ги поднесе овие обвиненија без никакви докази, така што не ми паднало на памет да бегам, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање дали можеби планирал да бега надвор од државата.
„Се работи за политичка хајка, против мене лично, против моите соработници и против партијата, начи се работи за политички атак врз ВМРО- ДПМНЕ, да не деградираат, омаловажат, тоа е тоа, тоа е целата битка. Инаку, ако сме сакале да бегаме сме имале толку многу можности, толку многу патувања и во време кога знаевме дека ќе има обвиненија. Јасна е работата дека станува збор за политичка хајка со цел СДСМ да ги прикрие своите неуспеси и плановите кои ги има да ги направи поврзани со државните и националните интереси, а ние да се занимаваме со вакви проблеми“, додаде Груевски кој денеска беше во посета на Битола.