Времето утре ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има повторна слаб развој на нестабилна облачнос која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи.
Температурата ќе достигне до 41 степен.
Во Скоје, попладне е можен краткотраен дожд со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде 39 степени, а УВ 9
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст, при што во вторник и в среда во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-иот степен. Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер засилен ветер се очекува в среда кон четврток. Ветерот ќе го промени правецот во северен а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5 до 7 степени. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на викенд кога ќе има со локална нестабилност проследена поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.