
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис изјави синоќа дека се уште постои подготвеност за мирен договор со кипарските Турци и Турција откако преговорите под закрила на ОН пропаднаа минатата недела.
– Сакам јасно да кажам дека кипарскита Грци се подготвени за решение во рамките дадени од генералниот секретар на ОН, изјави Анастасиадис на прес конференција.
Тој рече дека е подготвен за зделка со распоред за целосно повлекување на турските војски од северниот дел од разделениот остров и ако Турција вети дека ќе прекине да се меша во политичкиот живот.