
Скандалозниот „хуманитарец“ и ЛГБТ активист, Боки 13, под притисок на јавноста се откажа од посвојување на три деца, како што помпезно најави пред неколку денови. Сега наместо посвојување, тој ќе биде „финансиер“ на семејство што ќе посвои едно или повеќе деца, односно целосно финансиски ќе ги покрива трошоците за децата, вклучително и нивното школување, а во перспектива ќе помогне тие и да се вработат.
Јовановски, на настан на меѓународната хуманитарна организација (Меѓународен сојуз) на чие чело е тој, ја обелодени својата „животна желба“, да посвои три деца, и тоа, едното да биде православно, другото муслиманче, а третото да било со пречки во развојот.
Иако семејства со години чекаат на посвојување на деца, бидејќи постои и прилично долга процедура, тој при најавата делуваше како веќе утре некој ќе му ги даде децата, и тоа избрани токму онака по неговиот безмалку бизарен критериум. Но, веројатно неговата самоувереност дека се’ ќе излезе токму според планот ја базирал на неговото пријателство со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и можеби на славата на еден голем хуманитарец кој без проблем обезбедува домови за социјални семејства.
Иако, не е воопшто наивно да се погледне и другата страна на обидот преку добро дело да се протне и новата идеја што периодов се наметнува како правилна и под закрилото на основно човечко право, а тоа е обезбедување законска можност и хомосексуални парови да стапат во брак и да може да посвојуваат деца.
Сепак, многу легитимно е и прашањето од каде му се парите на Јовановски за неговите хуманитарни подвизи, или пак, кој е неговиот финанисер? Ова прашање се наметнува и од неговата последна изјава дека се откажува од посвојување, но, целосно ќе финансира одгледување и школување на деца посвоени од друго семејство.
Неговата хуманост е сепак гобар гест и најверојатно ќе усреќи некое семејство, но кртиката секогаш ќе биде присутна доколку во сето тоа постои заднина да се протне нешто што не го одобруваат мнозинството граѓани на земјава и обидот да се смени вредносниот систем на ова, сепак, традиционално општество.
Фејсбук статусот н Боки Јовановски ви го пренесуваме во продолжение:
Поради целата негативна кампања, сите реакции во јавноста кои пред се ги пласираат лица кои имаат за цел да оцрнуваат и шират негативна пропаганда и омраза, јас како јавна личност, Бојан Јовановски, во прво лице, јавно соопштувам дека мојата идеа и желба за посвојување на три малолетни деца, сум подготвен да ја повлечам и барањето за посвојување да го препуштам на семејство кое има желба и е подготвено да изврши посвојување, семејството може уште веднаш да ме контактира и да оствариме средба
На тоа семејство, односно посвоителите, јас како Бојан Јовановски сум подготвен да ги преземам целокупните трошоци за посвоеното дете или деца, во зависност од желбата на семејството и позитивните законски прописи.
Поконкретно, лично сум подготвен на таквото семејство кое ќе изврши посвојување да му ги покривам сите финансиски трошоци поврзани со одгледување, прехранување, школување и сите други трошоци кои би произлелге од одгледувањето на детето или децата, од моментот на посвојувањето се до навршувањето на полнолетство.
По навршувањето на 18 години на посвеото дете или деца, заеднички со нив сум подготвен и се обврзувам да партиципирам со подмирување на трошоци за универзитетско образование или обезбедување на вработување, зависно од преференците на детето или децата.
Себичноста не е моја карактерна особина, само љубовта го грее и ќе го грее моето срце
Со љубов, Боки 13