
Годинава манифестацијата Пиволенд прославува десет години од своето постоење.
Првиот Гурмански викенд со пиво Пиволенд се одржа во 2008 година и за вкупно четири дена го посетија близу 60.000 љубители на овој древен пијалак. Веќе во 2009 година, имаше околу 150.000 посетители, а последните неколку години, бројката се зголеми за неколку пати.
Денеска Пиволенд, израсна во пивски бренд, единствен и препознатлив фестивал на пивото во Скопје. Традиционално и оваа година, локацијата на Пиволенд ќе биде скопското Кале, а фестивалот започнува на 7 август (понеделник) и ќе трае се до 12 август(сабота).
Посетителите ги очекува многу добра музика, студено пиво и гурмански деликатеси.
Бидејќи се работи за јубилеен роденден на Пиволенд, се подготвуваат голем број изненадувања.