
Поројните дождови предизвикаа бројни одрони на патиштата, кои останаа непроодни за сообраќај.
Камперските приколки се буквално однесени од поројната вода во морето.
Голем број автомобили се однесени од надојдената вода, а нивните сопственици се евакуирани на повисоките места, во хотели и апартмани.
Локалните власти во Ситониа известија дека пожарникарите добиле многубројни повици за помош од настрадани граѓани кои барале пумпи за извлекување на водата од нивните домови.
Водата носела се пред себе. Оштетени се многу автомобили на туристите. А туристи што биле сместени на првите катови во објектите биле евакуирани. Во ова туристичко место има и многу македонски туристи.
Поплави имаше и на други места во земјата.