Сончево со температура до 30 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 15, а дневната од 22 до 30 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Од утре следува период на стабилно време со постојан пораст на дневната температура која во деновите од викендот на повеќе места ќе надмине и 35 степени. УВ-индексот во наредниве денови повторно ќе има многу високи вредности.