
Членови на анархистичката група „Рубикон“ денеска влегоа во канцелариите на Банката на Грција во центарот на Атина фрлиле летоци, извикувале слогани и избегале.
Во нападот учествувале околу 20 луѓе, од кои најмногу од „Рубикон“, но и од друга анархистичка група. Полицијата кусо време по инцидентот уапсила неколку осомничени, но потоа ги ослободила затоа што е можеле да ги поврзат со упадот.
Во соопштение објавено на интернет, групата ја опиша Банката на Грција како „штаб на домашниот и меѓународниот капиталистички поредок и, како таква, е непријателска територија”