
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е најобичен инструмент во рацете на СДСМ за врешење притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и целта на постоењето на ова обвинителство е само кеирање материјали за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ од страна на медиумите под контрола на власта, изјави во средата Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите отворени случаи од СЈО како ‘Таргет’, ‘Тврдина’, ‘Триста’, ‘Титаник,’ ‘Траекторија’, ‘Тенк’, ‘ТНТ’, ‘Транспортер’, ‘Тендери’ и другите се во целост политички конструкции кои немаат врска со правото. Обвиненијата по истите се без никакви докази, крајно неаргументирани, со намера да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС“, рече Костовски.
Посочи дека прес-конференциите што ги одржуваше СЈО беа идентични со партиските пресови на Зоран Заев, чиј „наратив во целост го презедоа“.
„Не може да има докази затоа што нема криминал. Сѐ е една голема конструкција и политичка хајка. Од спектакуларните најави и обвинувања за криминали тешки милијарди евра, остана едно големо ништо. Ниту едно од лицата кои се политичка цел на СЈО не остварил ниту денар противправна имотна корист. Тие се цел на Заев и СЈО само затоа што реализирајќи проекти од полза на граѓаните, наводно имале политичка корист“, истакна Костовски.
Оцени дека со ваквите активности не се спрвоедува правото и правдат, како и дека ниту има каква и да е допирна точка со правото и правдата, туки станува збор само за политичка агенда.
„СЈО е обична политичка алатка со ограничен рок на траење. СЈО и сите субјекти во државата треба да знаат дека правораздавање во Република Македонија се врши согласно Устав и закон, во правична и законска постапка, секое постапување кое е во спротивност со овие стандарди значи кривично дело, за кое се одговара согласно закон и од тоа неможе да избега никој, иако тоа од денешен агол да му изгледа далечно и недостижно“, заклучи Костовски.