
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски забележа победа и во второто коло на третиот ИТФ фјучрс турнир што се одржува во Телави, Грузија.
Македонецот денеска беше поуспешен од Ариас Борис од Боливија со со 2-0.
Првиот сет Јотовски го доби со 6:4, а во вториот беше 7:5.
Јотовски на овој турнир е седми носител, а на претходниот минатата седмица го освои трофејот.