
Четири Германки, меѓу кои и 16-годишна девојка, кои во последните години се бореле на страната на ултрарадикалната сунитка групација Исламска држава (ИД), се уапсени од ирачките безбедносни сили во текот на борбите за градот Мосул и се наоѓаат во затвор, каде што им е пружена конзуларна помош, потврди во саботата обвинителство на Дрезден.
„Нејзиниот идентитет е утврден“, објави обвинителството, а според медиумите таа е идентификувана како Линда В., според германската практика за објавување на идентитети на осомничени во кривични дела. Се додава дека таа 16-годишната девојка живеела во саксонскиот град Пулсниц, во близина на Дрезден.
Средношколката исчезнала во летот 2016 година, веднаш откако го примила исламот. Според истрагата, таа се допишувала во еден од онлајн форумите со припадник на Исламската држава.
Според медиумските извештаи, ирачките сили во текот на операцијата за ослободување на Мосул уапсиле околу 20 исламисти од разни земји. Досега германските власи не ја потврдуваа информацијата дека меѓу нив има и државјани на Германија, иако не ја исклучуваа таквата можност.
Магазинот Spiegel пишува дека германскиот конзуларен персонал уште во четвртокот ги посетило четирите жени во затворот на аеродромот во ирачката престолните Багдад и известило дека тие се добро, имајќи ги предвид околностите. Во Ирак поради припадност на терористичката група, особено позната по свирепоста и бруталноста, би можела да ги очекува смртна казна, потсетува весникот.
Во написот се наведува дека ирачките власти на Германија на почетокот од седмицава ѝ дале листа со имињата на уапсените жени.
Германското министерство за надворешни работи не сакало да го коментира написот во Spiegel.
Германското државно обвинителство во вторникот известило дека се проверуваат информации според коишто меѓу жените уапсени во Мосул е и шеснаесетгодишничка која е под истрага за давање поддршка на Исламската држава.
Според Spiegel, една од уапсените Германки е од мароканско потекло, а друга, пак, наводно потекнува од Чеченинија но поседува германски пасош.
Германската разузнавачка агенција BfV проценува дека во последните неколку години од Германија околу 930 лица ѝ се приклучиле на Исламската држава во Сирија и во Ирак, како и дека околу 20 отсто од нив се жени.