
Хуавеи во рамки на програмата „Семиња за иднината“, на петте најдобри студенти во областа на Информатички технологии и телекомуникации им овозможува студиска посета во Кина.
Со цел намалување на јазот на знаењето и промовирање на индустрискиот развој, македонската Влада изрази подготвеност да ја поддржи програмата „Семиња за иднината“, за 2017 година.
Петте најдобри студенти ќе имаат можност да присуствуваат на демонстрацијата на најновата ICT технологија, да учествуваат во работилници каде што се сретнат со високи извршни директори и експерти од Хуавеи. Исто така ќе посетат и часови по кинески јазик, кинеско сликање и калиграфија.
Изборот на студентите беше јавно објавен со допис до универзитетите и објавен на страната на МИОА.
Програмата на компанијата Хуавеи „Семиња за иднината“, ги поттикнува земјите од различни региони да учествуваат во градењето на дигиталното општество. Програмата во Македонија се реализира по вторпат.
На доделувањето на ваучерите во понеделникот ќе присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, менаџерот на Хуавеи во Македонија, Зхоу Јиадон и амбасадорката на Република Кина во Македонија, Јин Лисијен.