
Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски денеска на прес конференција нападна сограѓанка.
Првото прашање кое го постави денеска градоначалникот на граѓани кои го прашаа и му укажаа на нивните маки и проблеми кои ги имаат беше:
– Што си толку невротична ??!
Дамјановски не можејќи да ја поднесе вистината заедно со своето обезбедување и советници ја нападна физички жената, тргајќи ја настрана. Расправијата продолжи на висок тон со навреди од Дамјановски и од неговото обезбедување.
Граѓаните од населеното место Перо Чичо во Куманово имаат големи комунални проблеми за кои градоначалникот дури после 12 години почна да се интересира, откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово почнаа да ги прозиваат и да работат на терен со граѓаните.
Граѓаните се жалат пред камерите дека се заборавени од градоначалникот во секоја смисла. Рекоа дека ги имаат подмирено уште пред 30 години сите комунални давачки кон општината, но што општината направи за нив. Покрај тоа што ги подмириле давачките, тие и гласаале за СДСМ.
Жителката му порача дека е спротивност на Алаула и дека не наследил ништо од него.