
Денес повторно гори депонијата во Струга и продолжува фијаското на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Рамиз Мерко и Зијадин Села, кои веќе 2 месеци не можат да се справат со обичен пожар на отпад.
Ветерот го носи чадот кон селото Лабуништа и околните места, а во текот на вечерта се очекува чадот да се насочи кон градот Струга и да се осети дури до општина Дебарца и општина Охрид.
Постојаните пожари и чадот ова лето ја загрозува туристичката сезона во Охрид, Струга, Вевчани и другите околни места.