Се враќа евтината струја преку ден

Владата на Република Македонија одлучи да ја врати евтината дневна струја на граѓаните.

Донесена е одлука да се даде препорака на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија веднаш да одржи работен состанок, со вклучување на претставници на ЕВН Македонија АД Скопје, Министерство за економија и Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори и во рок од седум дена да подготви анализа за повторно воведување на дневната ефтина тарифа на електрична енергија за домаќинствата и измена на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи.