Заев: Договорот со Бугарија отвора перспективи за соработка

Договорот за добрососедство со Бугарија е во согласност со националите интереси на Македонија. Ќе биде потпишан на македонски и на бугарски јазик, на 1 август, во Влдата на Р.Македонија, посочи премиерот Зоран Заев.

Договорот ќе биде објавен на веб страницата на Владата, со што ќе стане јавно достапен за сите. Заев нагласи дека договорот отвора огромни перспективи за соработка и за решавање, а не за создавање на проблеми.

Договорот е во согласност со националните интереси. Договорот е одраз на новиот дух на политичари, кои градат мсотови, а не уриваат. Како премиер и Владата сме цврсто решени да водиме политики кои решаваат, а не создаваат прооблеми. Договорот го услогласивме затоа што имаме сосед со добра волја за да затвориме прашања кои ни го одземаа времето и енергијата. Договорот јавно ќе биде објавен на веб-страницата на Владата. Ве уверувам, тој е основа за добрососедство и пријателство, за патна и гасна инфрасуруктура, за унапредување на трговската размена, и се надевам ќе биде силен импулс за Коридорот 8 – рече Заев.

Документот ќе помогне за интензивирање на севкупната соработка меѓу двете земји, рече Заев посочувајќи дека очекува сегашната трговска размена меѓу двете земји која изнесува меѓу 500 и 600 милони евра да достигне милијарда евра.