
Го повикуваме претседателот на Владата на Република Македонија и министерот за надворешни работи да не го потпишуваат срамниот договор за добрососедски односи со Бугарската Влада, изјави Љубомир Сенковски од Здружението „Блаже Коневски“.
-Господа на вас останува да одлучите дали овој народ ќе ве памети како предавници или како патриоти, ако го потпишете овој договор народот ќе ве памети како најголеми предавници во нашата историја. Со ваквиот договор го убивате Блаже Коневски, го убивате нашето национално малцинство во Македонија и го уништувате македонскиот дух, вели Сенковски.
Тој му порача на Заев дека дел од македонскиот народ го гласаше за да донесе подобар живот и подостоинствен, а не гласале за живот исполнет со понижувања и срам.
-Ние од Здружението „Блаже Коневски“ ќе протестираме се до крај и ќе ги прогласиме за национални предавници оние кои ќе го потпишат овој договор. Ги повикуваме слободоумни граѓани без разлика на вера и нација да излезат и да дадат поддршка на македонскиот јазик, вера и идентитет и да дадат поддршка за одбрана на нашата историја.