
Во судар на воз во петокот на железничката станица Франсиа во центарот на Барселона повредени се 48 луѓе, а според информациите од службата за итна медицинска помош нема смртно настрадани.
Најалку 18 повредени, од кои пет тешко, се префрлени во болница.
„Станува збор за локален воз кој пристигнал од Сант Весенца де Калдареса“, соопштија локалните власти. Меѓу тешко повредените во несреќата којашто се случила во времето на утринскиот шпиц е и машоновозачот.
Снимките и инфромациите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека возот не закочил при влегувањето во станицата и ја погодил препреката на крајот од пругата, па предниот дел од композицијата е делумно уништен.
Mi tren ha chocado al llegar a estación de Francia hoy pic.twitter.com/WYGJMbcw7j
— Felix Rios (@iamfelixrios) July 28, 2017