
На местото на старите бараки на ОУ „Димитар Македонски“ денеска почна изградба на нов модерен објект во соработка со Министерството за образование и наука.
Општина Аеродром информира дека според рокот на изградба новото училиште, ќе се гради во две фази, така што околу 1.000 ученици, колку што е капацитетот на новата зграда, ќе можат да посетуваат настава веќе наредната учебна 2018/2019 година.
Старото училиште беше изградено во 1964 година како донација од француската Влада.