Венецуелската полиција го уапсила претходно седмицава 23-годишниот Вуили Артеага, виолинистот кој стана симбол на антивладините протести, и му го оштетила слухот дивјачки претепувајќи го со неговата виолина, објавија тамошните здруженија за заштита на човековите права.
Артеага бил уапсен во четвртокот, изјави Афредо Ромеро, од организацијата Penal Forum rights group. Властите не сакале да одговорат на прашањата за судбината на виолинистот.
„Косата му ја палеле со запалка, тешко го претепале и повеќе не слуша на десното уво“, изјавил Ромеро.
Протестите против претседателот Николас Мадуро траат веќе четири месеци и во нив животите ги загубија 110 луѓе. Повеќе од 4.800 лица се уапсени во текот на изминатиот период, а во притвор сѐ уште се уште 1.300 луѓе.