Двајца загинати при престрелка во дискотека во Германија

Две лица загинаа, а четири други се ранети рано изутринава при престрелка во дискотека во јужниот германски град Конштанц, во близина на границата со Швајцарија.

Инцидентот се случил околу 4.30 часот, кога 34-годишен маж убил една жена во дискотеката и ранил три други. По пристигнувањето на полицијата, напаѓачот отворил оган кон полицајците, ранувајќи еден од нив. Полицијата возвратила на огнот и во престрелката го ранила напаѓачот, кој потоа в болница им подлегнал на здобиените повреди.

Германските медиуми јавија дека по инцидентот настанала паника во дискотеката, при што дел од гостите се обиделе да се сокријат во самиот објект, а дел избегале надвор.

Веднаш по настанот пред дискотеката, што се наоѓа во индистрискиот дел на Конштанц, пристигнале „значителни полициски сили“, вклучително и специјалци, а местото го надлетувал и хеликоптер.

Мотивите за инцидентот засега не се познати.