Германија: Престрелка во дискотека, има ранети

Неколку лица се ранети рано изутринава при престрелка во дискотека во јужниот германски град Конштанц, во близина на границата со Швајцарија.

Инцидентот се случил околу 4.30 часот, но полицијата засега не соопшти повеќе детали за настанот, освен дека учесниците во престрелката се приведени.

Германските медиуми јавија дека по инцидентот настанала паника во дискотеката, при што дел од гостите се обиделе да се сокријат во самиот објект, а дел избегале надвор.

Веднаш по настанот пред дискотеката пристигнале „значителни полициски сили“, вклучително и специјалци, а местото го надлетувал и хеликоптер.