Сончево со емпературата до 38 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната од  31 до 38 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 37 степени.

Следува период на претежно сончево и многу топло време. Утре во попладневните часови ќе има појава на локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени), а од четврток на места максималната температура ќе достигнува 40 степени.