
Мексиканските власти пронашле 178 мигранти во напуштен камион во мексиканскиот град Тантим.
Станува збор за луѓе кои се криумчарени од централна Америка со намера да бидат префрлени во Соединетите Американски Држави, пренесуваат западните медиуми.
Поголемиот дел од мирантите се возрасни личности, но меѓу нив имало и неколку деца, велат од мексиканската војска.
Мигрантите од централна Америка се префрлени во центар за мигранти и укажана им е лекарска помош пред да го почнат процесот за враќање во земјата на потекло.