
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека единствено трајно решение во дијалогот со Косово е разграничување на тоа што е српско и тоа што е албанско.
Тој, во авторски текст објавен во „Блиц“, најави дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе го покрене прашањето за дијалогот со Косово и ќе ги провери можностите за разграничување на тој простор.
– Во договорот меѓу Србите и Албанците единствено можно трајно компромисно решение, со посебен статус на српската црква и манастирите и во Заедницата на српски општини на југот на Косово. Ако тоа не е возможно или неприфатливо, нема да бидам несреќен туку ќе се обидам да дадам придонес во изнаоѓање на трајно и реално решение, посочи Дачиќ.