
ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје упати апел за изебгнување на ноќна посета на шумата „Водно“ поради опасност од пожари.
– Апелираме до граѓаните, поради високите температури што следат наредните денови, и опасноста од евентуални пожари, да избегнуваат ноќна посета во парк – шумата “Водно“. Истовремено, замолуваме да се избегнува фрлање на отпушоци, правење скара на отворено и сите останати дејствија што се потенцијална можност за настанување пожари, се наведува во соопштението од ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје.