Почина детето кое падна од зграда во Штип

Дванаесет годишниот Никола од Штип, не успеа да излезе од кома по минатонеделниот пад од незаштитена тераса, каде што живеел со родителите.

Во игра со далечинскиот управувач, одејќи назад, без да забележи, Никола несреќно паднал низ отворената врата на терасата без ограда од третиот кат на здрадата во населбата „8-ми Ноември“.

Детето една недела се бореше за живот на Клиниките во Скопје.

Телото е предадено на обдукција, по што детето ќе биде погребано на гробиштата во Штип.