Застрелано момче во гостиварско

Младо момче со прострелна рана во понеделникот вечерта е итно донесено на Ургентниот ценатр во Скопје, а министерството за внарешни работи засега нема информации како дошло до ранувањето.

Дваесет и четиригодишниот Ј.Р. од гостиварското село Чајле вчера вечерта со прострелна рана бил донесен во гостиварската болница. Поради сериозноста на повредата момчето било итно пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата засега нема подетални информации како дошло до повредата. Оттаму информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат познати повеќе детали.