Миноски: Првпат се чествува еден голем празник со претставник од друга држава

Голема промена што се однесува на овој период на чествување на Илинден, првпат се чествува еден празник со претставник од друга држава, рече историчарот Михајло Миноски во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.

Според Миновски, ова претставува голем исчекор и добра волја двајцата премиери да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев, меѓутоа, како што посочи професорот, Македонија ќе го прифатеше подобро доколку не беше поврзано со нашето историски минато.

„На Балканот секогаш политиката е таа што ја диктира историјата, иако не е така во многу други земји. Со промената на политичките односи по Југославија, се промени климата меѓу Македонија и Бугарија, иако неопходни се блиски односи меѓу двата народа. Политиката наметнува како ќе се однесува науката“, рече Миноски.