Градежни активности на патот Градско-Прилеп

На регионалниот пат Р106, патен правец Градско – Прилеп од 28 до 45 километар, од денеска до 12 август ќе има градежни активности – замена на еластична ограда.

АМСМ им препорачува на учесниците во сообраќајот да ја почитуват поставената сигнализација за работа на пат и внимателно да управуват со своите возила.

Воедно информира дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.