Риболовец се удави кај Чашка

Педесет и двегодишен маж од селото Дреново се удавил во средата во водите на езерото кај браната Лисиче, општина Чашка.

Од полицијата информираат дека околу пладне додека 52-годишните Ѓ.Ј. и Б.И., двајцата од Дреново, ловеле риба на браната Лисиче, виделе дека во езерото има тапа. Б.И. скокнал во водат да ја извади, по што потонал и не се појавил на површина.

Веднаш биле повикани полициски екипи како и нуркачки тим од Единицата за специјални задачи кои околу 18,15 часот го пронашле телото и го извадиле од езерото.