Тројца настрадани во сообраќајката кај Стража

Три лица,од кои две деца на возраст од 8 и 6 години, се полесно повредени во сообраќајната несреќа која во средата попладнето се случи на патот од Стража кон Гостивар.

Претходно беше објавено дека патничко комбе „фолксваген тигуан“ во белоруски регистерски ознаки излетало од патот во провалија.

Комбето било управувано од 33-годишниот Б.С. од Белорусија, а како сопатници биле две жени Б.И. (33) и Р.Л. (31), и две деца, осумгодишно девојче и шестгодишно момче.

По несреќата со возило на итна медицинска помош, Р.Л. и двете деца биле пренесени во гостиварската болница каде им се констатирани полесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени од болница.

На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата, а најверојатно причина за сообраќајката е неприлагодена брзина кон условите на патот.