
Двајца осомничени се уапсени по експлозија и пожар во наргиле бар во германскиот град Гисен при што се повредени шест лица, соопштија германските власти.
Мажите на возраст од 22 и 23 години се под истрага поради обвинение за обид за убиство и предизвикување пожар и општа опасност, објави полицијата.
Помладиот осомничен е тешко повреден во инцидентот, а бил притворен откако побарал помош во блиската болница. Вториот осомничен бил идентификуван од еден очевидец.
Во инцидентот полесно се повредени пет луѓе. Станбената зграда во којашто е сместен ориенталниот бар е многу оштетена, како и соседната зграда. Штетата се проценува на стотици илјади евра.