
Во летните периоди поради високите температури доаѓа до масовно палење на шумите во Република Македонија, а она поради што сме собрани денес е инертната реакција на Владата. Имено во поречието, во селото Требовље имаме веќе 14 дена активен пожар кој што се уште не е локализиран и не е ставен во контрола, вели на денешната панел дискусија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
„Ние како пратеничка група гледајќи ја инертната слаба и незаинтересирана реакција на Владата на Република Македонија поднесовме барање за итна седница и расправа за она што се случува во Македонија. Граѓаните преку пратениците бараат помош и бараат реакции во регионите каде што беснеат овие пожари“, вели Мицевски.
Истакна и дека граѓаните научени од минатото функционерите да бидат помеѓу луѓето и брзо делување по природните катастрофи, тие во моментов преку пратеничката група ја бараат својата помош од институциите.