
САД сепак ќе учествуваат во меѓународните преговори за климатски промени и покрај планираното повлекување од Парискиот договор за климата, соопшти Стејт департментот.
„САД ќе продолжат да учествуваат во меѓународните преговори и состаноците посветени на климатските промени, со цел да ги заштитат американските интереси и да обезбедат сите опции во идната политика да останат отворени за американската администрација“, се наведува во соопштението.
Стејт департментот додава дека „таквото учество вклучува и актуелни преговори поврзани со примената на Парискиот договор“.
Вашингтон ќе учествува на следната годишна конференција на ОН околу прашањата поврзани со климата во ноември во германскиот град Бон