Статуси: Нашите колеги загинаа за Македонија, а не за двојазични униформи

Наместо како што најавуваше претседателот на Владата дека ќе ја зголеми минималната плата во Македонија, дека ќе ги зголеми примањата на вработените во јавната администрација, дека ќе се грижи за земјоделците и стечајците, но прв чекор што го презема за подобрување на животот во Македонија е воведување на двојазични униформи и банкноти. Се чини дека повеќе од јасно е дека ваквиот чекор се презема за зацврстување на владината коалиција, но тоа директно оди на штета на македонскиот народ.

Премиерот Зоран Заев во саботата образложи дека законот за употребата на јазиците е дел од концепт „Едно општество за сите граѓани“ кој „ја има поддршката од сите граѓани и сметаме дека со неговото усвојување покажуваме дека нема од што да бегаме. Владата покажува дека води сметка за сите бидејќи се определи за нови политики кои ја градат Македонија како граѓанска држава на сите што живеат во неа“,рече премиерот Заев.

Но, носењето на овој закон во вакво време дополнително трагично затоа што истиот директно удира и се однесува на луѓето коишто ја бранеа татковината во војната во 2001 година, се бореа и ги дадоа своите животи кај Бродец и беа на браникот на татковината при скорешниот конфликт од Диво насеље. Тие се вработени во Министерството за внатрешни работи и наместо да добијат поголеми плати за својата жртва за татковината, како прв проект на новата Влада на Република Македонија тие ќе добијат нови униформи и тоа двојазични испишани на албански јазик.

Последниот потег на Заев се чини дека ја прели чашата на трпение кај обичниот народ, а особено кај вработените во Министерството за внатрешни работи. На социјалните мрежи тие јавно го изразуваат револтот со најави дека нема да ги прифатат таквите униформи дека ќе ја остават униформата и ќе си заминат од работа, дека ќе ја напуштаат државата. Коментираат дека се бореле за македонска држава, а на за двојазичност. Бараат подобри услови за работи, ново возила, нови полициски станици, нова опрема.

„Замислете како ќе се чувствува мојот колега од Бутел кој што за малку ќе загинеше во Куманово, а денес треба да облече униформа на која ќе пишува полиција на албански јазик“, прашува вработен во Министерството за внатрешни работи на фејсбук.

„Зарем не е срамота и не газење на достоинството некој да ти лепи знаци и симболи на униформата која е создавана со крв и со многу мака. Телата на нашите колеги се распаѓаат затоа што беа жртви за татковината за денес некој да гази по сето тоа и прави албанска полиција. Не е важно дали е Груевски или Заев – ова е предавство за народот и државата“, додава тој.

Во друг коментар, пак, се вели: „Дефинитивно ќе ни ја наведнат главата и тоа засекогаш, со колегата од соседната страна на границата кај Косово сега ќе ја имаме исти симболи и исти натписи. Ова е срам за државата. Се надевавме на поголема плата, подобар стандард, а не на двојазични униформи“.

Во исто време пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ побара зголемување на платите за 5 отсто за вработените во јавната администрација, со што ќе бидат опфатени и вработените во МВР. Но, предлогот не доби поддршка од страна на владејачката партија со образложение дека во Буџетот нема предвидено пари за зголемување на платите на полицајците.