
Со законското решение на новата Влада, за употреба на албанскиот јазик во службена коресподенција на територијата на цела Македонија, и официјално Република Македонија повеќе не е унитарна држава туку конфедерација.
За ТМРО задолжителната употреба на албанскиот јазик за службена комуникација во државните институции и органите на државната управа, доколку лицето тоа го бара е капитулација на македонската држава, спроведена од петоколонашки структури, се наведува во соопштението на оваа партија.